Кога чувствуваме болка понекогаш постои дилема дали треба да одберете топли или ладни облоги, а многумина неретко погрешиле во изборот и ја влошиле ситуацијата. Меѓутоа, постојат упатства кои ќе ги спречат грешките во иднина.
Топлината е подобар збор за долготрајните и хронични болки, обично за оние кои траат повеќе од шест недели. Артритисот доведува до трошење и оштетување на рскавицата во зглобовите, а во овие случаи се препорачуваат топли облоги, бидејќи топлината ги опушта зглобовите и мускулите.
Мразот е ефикасен кај болките предизвикани од свежи повреди и ги намалува воспаленијата. Кога личноста има главоболка, болката се појавува во нервите и крвните садови во мозокот, а олеснување донесува примената на ладните облоги, без разлика дали станува збор за мраз или за ладни крпи.
Луѓето често прават грешка и користат студени облози за да ја намалат болката којашто ја предизвикува вкочанетоста на вратот. Правилно е да се користи топло за опуштање на мускулите.
Доколку истегнете мускул или ги повредите тетивите, потребно е да нанесете студени облози за да ги ублажите воспалението и болката. Меѓутоа, кога ќе помине воспалението, мускулите можат да бидат крути, така што за нивното опуштање треба да се користат топли облози.
Слично е при истегнувањето или кинењето на лигаментите во зглобовите. Прво се користат студени, а потоа топли облози.
Тендинитис е состојба на воспаление на ткивото која ги поврзува коските и мускулите. Себеси можете да си помогнете со нанесување мраз.
Тендиноза е состојба на хроничен тендинитис во која тетивите се оштетени на клеточно ниво. Како што е случајот со останатите хронични состојби, тука помага примена на топло.