Ги правиме секојдневно, некои ни се природни, а некои научени, но сите овие навики имаат нешто заедничко – поради нив изгледаме постаро и побрзо добиваме брчки.
1. Премногу гледаме телевизија
Една студија покажала дека за секој час поминат пред телевизор си го скратуваме животот за 22 минути. Без оглед на тоа дали седите или лежите, би требало да се прошетате на секој половина час и да се протегнете.
2. Јадеме нискокалорична храна
За нашата кожа да изгледа здраво и затегнато, потребни и` се омега 3 масни киселини. На нискокалоричната храна тоа и` недостасува, пишува порталот „Bright Side”.
3. Пиеме од сламка
Формата која треба да ја направи устата за да пие од сламка поттикнува создавање на брчки околу усните. Истото го предизвикува и пушењето на цигари.
4. Спиеме на страна
Кога главата ни е притисната на перницата, полесно се создаваат брчки на лицето. Спиењето на грб предизвикува најмалку брчки.
5. Го држиме телото во лоша положба
Ако неправилно седиме и стоиме, нашиот `рбет се менува, па поради тоа мускулите и коските стануваат напнати. Резултатот е болка и замор, а можат да се појават и трајни деформитети.
6. Се мачкаме со креми за заштита од сонце само на годишен одмор
Изложувањето на УВ-зраци е најодговорното за појава на брчки, а повеќето луѓе се мачкаат со заштитни креми само кога се на одмор.
7. Премногу го зголемуваме греењето
Пресилното греење доведува до претерано сушење на воздухот, што доведува до сушење на кожата и косата и појавување на брчки.
8. Избегнуваме да јадеме благо
Ако тоа е она што ве прави среќни, подобро усреќете се отколку да бидете под стрес поради тоа. Секако, треба да се избегнува претераниот внес на шеќер.
9. Малку спиеме
Возрасните луѓе треба да спијат барем седум часа навечер. Недостатокот на сон влијае на начинот на кој размислуваме, какви сме со другите и што јадеме. Ако сме неспиени посклони сме кон јадење благо и нездраво и често сме нервозни.
10. Премногу сме изложени на стрес
Хроничниот стрес ги оштетува клетките на телото и го забрзува стареењето. Обидете се да се ослободите од се` што можете денес за да го намалите притисокот.