![За време на лет испаднал внатрешниот прозорец од авионот!](https://popara.mk/wp-content/uploads/2018/04/za-vreme-na-let-ispadnal-vnatres.jpg)
Несреќа се случила во авион на компанијата „Ер Индија“. Тројца луѓе се повредени кога непосредно по полетувањето од Њу Делхи, авионот влегол во турбуленции, при што испаднал внатрешниот прозорец покрај седиштето 18-A. Поради опасноста од декомпресија, пред седиштата на патниците испаднале неколку маски за кислород. За среќа, надворешниот прозорец останал во своето лежиште, па благодарение на тоа била избегната голема несреќа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=KdauD-fInhE