3 најчести причини зошто исчезнува вљубеноста кај жените
Љубовта исчезнува тогаш кога жената се чувствува несакано и непријатно во врската
1. Недостаток на почит
Секоја жена сака да биде почитувана во врската. Кога не добива доволно внимание, жената се чувствува запоставено, а тоа е неизбежен пат кон раскинувањето. Меѓусебната почит е клучот за секоја успешна врска.
2. Недостаток на интимност
На жените им треба интимност во врската, а тоа можат да го постигнат само доколку остварат единство на духот и телото со партнерот. Блискоста им е исто толку важна колку и нежноста и ако им недостасува тоа, тие ќе го изгубат интересот.
3. Поинтересна им е на другите
Кога жената ќе сфати дека други мажи околу неа ја опсипуваат со поголемо внимание и интерес од нејзиниот партнер, врската може да биде сериозно загрозена.
Жената чиј партнер секојдневно ѝ подарува внимание е задоволна, вљубена и не обрнува внимание на другите мажи.