Доколку некогаш се прашувате како им успева на славните личности да изгледаат совршено, знајте дека постојат неколку мејкап трикови кои се лесни за совладување. Затоа, следете ги инструкциите во продолжение и постигнете го совршениот изглед од црвениот тепих.
Започнете од подлогата
Подлогата ќе го припреми вашето лице за понатамошното шминкање, со што ќе го изедначи вашиот тен и ќе ја измазни вашата кожа.
Продолжете со контурирање
Со помош на контурирањето ќе ги нагласите најдобрите карактеристики на вашето лице, а ќе ги сокриете сите неправилности. Фиксирајте со компактна пудра која треба совршено да се вклопува со подлогата и производите за сенчање на лицето.
Преминете на бронзер, руменило и хајлајтер
Бронзерот ќе му даде топлина на лицето, руменилото совршено ќе ги истакне вашите јаболкници, а хајлајтерот ќе ги нагласи испакнатите делови и ќе го подмлади вашето лице.
Време е за шминкање на очите
Во зависност од обликот на вашите очи, одлучете се за рамна или закосена ајлајнер линија и изберете ја правилната дебелина. Потоа, исто во зависност од обликот на очите, креирајте “зачаден изглед”.
Следни се веѓите
Веѓите мораат да бидат експресивни, но да не изгледаат премногу нашминкано. Затоа користете сенки за веѓи наместо класичното моливче. Причина за тоа е што ефектот кој го креираат сенките за веѓи е многу поприроден и понежен, што секогаш треба да биде вашата цел кога ги истакнувате веѓите.
Комплетирајте го изгледот со кармин
Исцртајте ги усните со моливче, а потоа нанесете кармин. Изберете мат или сјаен кармин бидејќи и двете варијанти се идеални за ваквиот изглед.