Со самото тоа што и во двата брака делеше постела со фолк-пејачи, Соња Вуксановиќ морала да навикне на статусот ѕвезда, особено што и двата развода, прво оној со Жељко Шашиќ, па и вториот со Аца Лукас, беа медиумски проследени, а и самите по себе доволно скандалозни. Сепак, иако ужива во славата што ја заработи благидарение на мажите, Соња не сака многу да зборува нив.
– На бившите им посакувам сè најдобро во животот, но само подалеку од мене. За нив не треба ни да се зборува, открива Соња за Глоси.
-Да се однесуваа како луѓе и мажи, сигурно ќе им бев и ќе им останев пријател, мо кога се однесуваат како исфрустрирани тинејџери, со мене веќе немаат ни комуникација, а камо ли пријателство.
Таа истакнува дека не ѝ пречи што Шашиќ и Лукас од време на време ќе испреат уста со неа.
-Веќе не ми пречи ништо што е врзано за нив. Со таквото однесување зборуваат лошо за себе, а и за тоа колку тешко им паднала разделбата со мене, додава Соња и завршува со констатацијата дека на ќерките од овие бракови не ни морала да им ги објаснува сите бурни промени кои ѝ се случиле на приватен план.