Постојано сме споменувале за чудотворните својства на на најискористеното овошје кај нас – јаболкото. Затоа ви нудиме една одлична рецепта за чај од кора на јаболко кој ја стимулира стомачната функција, го регулира метаболизмот и ги ублажува болките кај артритис.
Потребни состојки:
500-600мл вода
Лушпи од 5-6 средни по големина јаболка
Малку цимет
Ванила
Начин на подготовка:
Загрејте вода и штом зоврие – додадете ги лушпите од јаболка, циметот и малку ванила (по желба).
Намалете го огнот и оставете ги состојките да вријат 10-15 минути.
Чајот се пие 1-2 пати дневно, а ако не ви е доволно слатко – додадете мед.
Ова омилено овошје го неутрализира дејството на слободните радикали – ги штити клетките и го намалува ризикот на малигни заболувања.