Отстранување на влакненца од лицето не е лесно за жените како кај мажите. Погледнете ги овие едноставни начини како да се ослободите од нив.
Сода бикарбона
Ова направете го само пред спиење. Измешајте 1 лажица сода бикарбона во 200мл врела вода и оставете да се излади. Натопете памучна крпа и оставете малку да се исуши, а потоа намачкајте се на површината каде сто имате несакани влакненца. Прицврсете ја и оставете да преноќи. Отстранете ја крпата наутро и нанесете хранлива крема. По 2-3 повторени процедури, несаканите влакненца ќе паднат.
Масло од коприва
Овој рецепт е во употреба уште од 17-от век и сеуште е корисен во употребата за отстранување на несаканите влакненца. Еве како правилно да го користите.
Во 3мл маслиново масло ставете 3 лажици семе од коприва и оставете да отстои 2 недели на топло место. После тоа, исцедете ја смесата и ставете ја во тегла. Потопете памукче и нанесете на саканото место да отстои 30-45 минути.
Потоа измијте го лицето со млака вода и благ сапун. Повторете го третманот дедека влакненцата не почнат да паѓаат.
Лук
Земете неколку чешниња лук и исцедете го сокот од нив. Нанесувајте на кожата 4-5 пати на ден по 30 минути секој ден, со цел да ги добиете саканите резултати. Потоа измијте го лицето со вода и благ сапун и нанесете крема за лице. Повторувајте ја постапката се додека влакненцата не исчезнат.