Една од најактуелните модни тенденции за пролет/лето 2018 дефинитивно се фустаните со висока и прибрана јака. Овие фустани носат во себе морски ретро дух и создаваат впечаток на женственост и нежност. Фустаните најчесто се еднобојни, со должина до над или под колена, максимално едноставни, што ги прави идеални за различни комбинации.