Ова ново откритие ќе ги израдува сите што сакаат да ослабат брзо, а тајната е во чудесната напивка што можеби и ја имате во кујната. Имено, едно истражување во Америка покажа како црниот чај го помага и го забрзува процесот на слабеење.
Ефектот се должи на големите молекули што се во неговиот состав, а кои ја поттикнуваат работата на цревата и го забрзуваат метаболизмот. Исто така, црниот чај ги регулира бактериите во организмот и го спречува ненадејно дебелеење.
Секој ден е потребно да се пијат максимум две шолји црн чај, но не пред спиење, затоа што содржи и високо ниво на кофеин.
Во напивката не додавајте млеко, шеќер или мед, затоа што нема да биде толку многу ефикасен во топењето на наслојките на стомакот и на бутовите.