Страдате од хроничен замор, алергии, ослабен имунитет, слабо либидо, премени на расположението, слаба концентрација, Кронова болест? Сте се запрашале ли која е причината за сето ова?
За се може да биде виновна Candida! Кандидата е квасна габичка која е нормално присутна на кожата и системот за варење на секој организам. Кога количината на нашите корисни микроорганизми ќе се намали, кандидата прекумерно се размножува и тогаш настануваат многубројни проблеми. Симптомите по кои можете да ја препознаете се:
• хроничен замор и недостиг од енергија
• поспаност и исцрпеност
• паѓање на косата
• пречки во варењето
• ладни раце и нозе
• главоболки
• проблеми со штитната жлезда
• пад на либидото и болни сексуални односи
• проблеми со концентрацијата
• проблеми со кожата.
Со диета можеме да придонесеме за подобрување на здравјето и запирање на размножувањето на кандидата.