Меланија Трамп минатиот месец правеше направена операција на бубрезите и речиси еден месец беше подалеку од очите на јавноста, што поттикна многу шпекулации.
47-годишната сопруга на Доналд Трамп вчера за првпат се појави на официјален настан по хируршкиот зафат.
Првата дама носеше бежов палто-фустан од Céline и обувки од Jimmy Choo за посетата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби во Вашингтон, каде се дискутираше за превентивни мерки за заштита од урагани.
„Таа е одлично. Мина низ малку тежок период, но закрепнува одлично. Се гордееме со неа. Таа врши фантастична работа како прва дама. Луѓето од нашата земја те сакаат, па ти благодарам душо“ – рече Претседателот Доналд.