Оваа прекрасна маска од портокал ќе ви помогне да ја затегнете кожа на лицето, а можете да ја направите дома брзо и лесно и да ја нанесувате секој ден.
Портокалите се богати со витамин Б, Ц , калиум, калциум, фосфор, манган, бакар и цинк, кои се одлични антиоксиданси. Маската од портокал чисти, освежува и хидратира, има лифтинг ефект, а се препорачува за сите типови кожа. Идеална е да се аплицира кога ви е потребно вашата кожа да изгледа свежо и неколку години помладо.
За оваа маска потребни ви се:
1 портокал
2 лажици глина во прав
Флаширана негазирана вода
Неколку капки масло од кокос или бадемово масло.
Во сад ставете ја глината (не смеете да користите метална лажица или метален сад), па во глината додадете го исцедениот сок од портокал и оставете да остотои 30 тина минути. Потоа измешајте ги состојките во глатка смеса, па нанесете ги на лицето и вратот и оставете маската да делува 20 минути, па отстранете ја со влажни памукчиња.
Минералната вода се користи за миење на лицето.