Состојбата популарно позната како пеперутки во стомакот има моќ да промени многу работи во вашиот живот. Токму љубовта се смета за природен наркотик кој може да ве наполни со енергија, но и да ве направи зависни од саканата личност.
Сепак, без разлика на добрите или лошите искуства од љубовните врски товарот на индивидуалните особини и емоционалните несигурности е индивидуален.
Сексолозите велат дека постојат 5 категории на заљубени личности. Дознајте ги кои се тие бидејќи можеби во некоја од нив ќе го препознаете партнерот па ќе знаете како да реагирате!
Главни фаци
Ваквиот љубовник сака нештата во врската да ги држи под сопствена контрола, а ова се однесува не само на заедничките туку и на одлуките кои се однесуваат лично на партнерот. Тие се енергични, но не се снаоѓаат добро во разговор.
Бидете секогаш да го подржите во неговата одлука, но не по цена тоа да не ви оди во прилог вам. Со постојан разговор ќе му дадете до знаење дека и вие имате право на збор.
Опсесивно-вљубени
Врската со премногу опсесивните љубовници може да биде контрапродуктивна бидејќи станува збор за опсесивност, а не заљубеност. Премногу опсесивните љубовници се фокусираат на една идеја која се врти во круг поради што не може да се движат напред.
Ако вашиот партнер е премногу фокусиран, најдоброто нешто што можете да го направите е почесто да покажувате разбирање.
Песимисти во љубовта
Луѓето кои се непоправливи песимисти во љубовта на истата гледаат како на мачнина и не очекуваат ништо добро да произлезе од неа. Ако пак се случи нешто добро, тие се непријатно изненадени.
Ако вашиот партнер го пронајдовте тука, погрижете се да не се чувствува осамено, не се обидувајте премногу за да го развеселите и обрнувајте внимание на неговиот животен стил за да има доволно енергија за живот.
Диви љубовници
Станува збор за агресивни луѓе. Многу лесно се вознемируваат за небитни причини и тешко се смируваат. Нивните партнери се постојано претпазливи со нив и се грижат цело време да им е удобно.
Доколку имате ваков партнер, запомнете – вашата задача е да се заштитите себеси и да се дистанцирате од стресот.
Нервозни љубовници
Тие постојано се плашат дека светот им подготвува нешто лошо. Најчесто се плашат да се заљубат и љубовта ја гледаат како ризик. Во врската, често се несигурни и имаат мала самодоверба што не е многу секси. Тие секогаш завршуваат со скршено срце.
Ако сте во врска со ваков карактер сексот е идеална можност да му помогнете затоа што допирот кожа до кожа ги смирува, сметаат експертите.