Доволно е да јадете нормално, да се движите и да го одберете вашиот омилен пијалак кој ќе ви биде најверен пријател во идниве неколку месеци.
Зелен чај
Зелениот чај има огромен број на предности, помеѓу кои е и брзото губење на килограми. Една шолја во денот е доволна за вашето тело да прими антиоксиданси кои го чистат и ги топат вишокот масти. Покрај тоа, одличен е за опуштање по напорниот ден.
Цедени сокови
Без оглед дали се овошни или зеленчукови, бирајте ги свежо цедени и без шеќер. Во најдобри плодови за ваков сок спаѓаат морковите и јаболката кои се полни со влакна и цитрусните овошја полни витамин Ц.
Густи сокови од зеленчук
Кашестиот облик на зелка, брокула и карфиол е течноста која има благотворно дејство на вашата линија. Зависно од плодовите и антиоксидансите кои ги содржат, овие сокови се идеални за 24 часовна детоксикација на организмот.
Сок од крушка
Лесен е за подготовка, а богат е со витамини и минерали. Содржи голема количина витамин Ц, а покрај тоа ја зголемува телесната енергија. Има ист ефект како и сокот од боровинки.
Црно кафе
Кога се пие во умерени количини, од црното кафе може да имате голема корист. Содржи силни антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од рак, дијабетес и срцеви заболувања, а покрај тоа содржи 0 калории.