Лесно и брзо се подготвува, а резултатите се видливи веднаш!
Пилингот е важен дел од секоја рутина за нега на кожа, бидејќи ги отстранува мртвите клетки на кожата, ја освежува кожата и прави да изгледа посветло и поздраво. Знаете ли што уште е одлично за вашата кожа? Зелен чај!
Полн е со антиоксиданси и витамини кои и’ помагаат на кожата да добие здрав сјај. Затоа пилингот од зелен чај е здрав за вашата кожа. Тој може да ви помогне да се опуштите, а доволно е нежен за да го користите и на лице и на тело.
Овој волшебен пилинг од зелен чај е толку едноставен што нема причина зошто да не го пробате. Ги содржи следниве состојки…
Зелениот чај е полн со антиоксиданси и витамини што им се потребни на вашата кожа, се бори против воспаленијата и ги намалува црвенилото и иритацијата.
Шеќерот е нежен пилинг за отстранување мртви клетки од кожата.
Маслиновото масло е полно со витамин Е и антиоксиданси што се здрави за вашата кожа и ја одржуваат влажна.
Етерични масла (по избор) – Одберете мирис што вам ќе ви одговара и кој ќе ве опушти.
Потребни состојки:
- 1 голема лажица зелен чај
- ½ шолја шеќер
- 1 лажица маслиново масло
- 5-10 капки етерично масло (по избор)
Начин на подготовка:
Измешајте ги шеќерот и ливчињата зелен чај. Додајте масло и внимателно измешајте. Една лажица може да не биде доволно на почетокот, па додајте уште. Само продолжете да мешате додека не се измешаат целосно состојките. Чувајте ја смесата на ладно и суво место. Може да стои до 4 месеца. Наместо маслиново масло, може да користите и масло од авокадо или кокосово масло.