Сувите и испукани пети не само што изгледаат неубаво, туку можат и многу да болат.
За да ја подобрите состојбата можете да употребите една едноставна состојка од вашата кујна која има неверојатен ефект на испуканите пети – сода бикарбона.
Содата има силно антисептичко дејство и помага да се ослободите од инфекциите на стапалата. Исто така, ја намалува тврдината на водата и овозможува совршен третман за вашите пети. Со нејзина редовна употреба ќе добиете меки и мазни пети, а можете да ја набавите во секој маркет за храна по евтина цена.
Овој рецепт ќе ја омекне сувата испукана кожа на стапалата, а се подготвува лесно и едноставно од само 2 состојки:
· 3 лажици сода
· 4-5l вода
Ставете ја содата во водата да се растопи, а потоа потопете ги нозете во водата и оставете ги да стојат 15-20 минути.
Кога стапалата убаво ќе омекнат со турпија или камен за пети убаво истругајте ги петите да ги отстраните мртвите слоеви на кожа. Исплакнете ги стапалата со млака вода. Исушете ги убаво а потоа намачкајте подебел слој на крем или вазелин и облечете памучни чорапи. Најдобро е да го правите третманот пред да одите во кревет бидејќи на тој начин кремот ќе има време да се впие длабоко во кожата и да ја омекне сувата кожа.
Првите позитивни резултати се забележуваат веднаш по првиот третман, но за најдобри резултати се препорачува да ја повторувате постапката секоја вечер во текот на една недела. Потоа правите пауза една недела, па ја повторувате постапката една недела, па пак паузирате една недела. Треба да направите вкупно 3 третмани од по една недела. Потоа ќе добиете меки и мазни стапала, па можете да го повторувате третманот по потреба.
Извор: healthyfoodteam.com