Поранешна студентка тужи Универзитет од Англија, бидејќи сè уште не била вработена

popara25 јуни, 20181min00
1

Поранешната студентка Пок Вон (29) го тужи британскиот Универзитет Англиа Рускин бидејќи и покрај нивното тврдење дека на студентите им овозможуваат квалитетно образование и вработување после дипломирањето, таа не успеала да најде работа.

Вон истакнува дека на тој Универзитет студирала две години, била најдобра студентка во класот, но ја добила само дипломата “Мики Маус”, која нема никаква вредност и воопшто не ѝ помогнала во потрагата за работа.

Иако Универзитетот бил прогласен како институција која нуди квалитетно образование и упешно вработување откако студентите ќе ги завршат студиите сепак сето тоа била голема лага, поради која од Хонг Конг дошла во Велика Британија.

– Проспектот ме увери дека станува збор за импресивен Универзитет. Но, само што започнав да посетувам предавања во 2011 година, сфатив колку пропусти има. Иако со почести дипломирав во 2013 година, станува збор за “Мики Маус” диплома – вели Вон, а пренесува Индепендент.

Токму поради тоа, таа го тужи Универзитетот и од него бара оштета од 70.000 евра. Во документите кои му ги поднела на судот, таа наведила дека Универзитетот не ги исполнил своите обврски од договорот за студирањето, така што автоматски го прекршил договорот.

Како пример за тоа, таа наведила дека професорите доцнеле на предавања и дека студентите често зборувале дека сами мора да обработуваат поединечни лекции.

Покрај тоа, во тужбата стои дека за време на церемонијата за доделување на дипломите, таа останала заклучена во соба, бидејќи се обидувала на сите да им раскаже како навистина стојат работите.

Вон се надева дека нејзиниот потег ќе ги охрабри другите студенти да побараат повисоко квалитетно образование за парите кои ги даваат за школарина, но и да побараат компензација доколку Универзитетот не ги исполни своите обврски.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag