Судењето на Лука Лазукиќ, сопругот на Наташа Беквалац, започна во Првиот основен суд во Белград, а на рочиштето присуствуваа и Лазукиќ и Беквалац, на кои ова им беше прво соочување очи во очи по семејното насилство кое тој го изврши над сопругата.
И Наташа и Лука се појавија придружувани од нивните адвокати, а Лазукиќ сведочеше прв.
На почетокот на неговото излагање, Наташа Беквалац со својот адвокат ја напушти судницата.
Таа на вратата се сврте кон судијата и го праша: “Морам ли да останам?”, а потоа доби дозвола од судијата да не присуствува на сведочењето на Лазукиќ.