Денот на независноста на САД Џеј Ло го помина во околината на Хемптонс заедно со Алекс и децата.
Таа уживаше на плажа покрај својот сакан, облечена во розово монокини, со природна коса и шешир.
Освен нејзината секси фигура, она што на сите им „падна во очи“ беше нејзиниот прстен на раката, па со тоа поттикна гласини за свршувачка.
Џеј Ло често носи впечатливи прстени, но секако овојпат го привлече вниманието со тоа што ѝ беше ставен на „вереничкиот прст“.