Магдонос, чудотворен лек за подочници

popara9 јули, 20181min00
3
Знаевме за краставицата, ладната лажичка, коректорите… Но дефинитивно не знаевме за магдоносот, којшто 100 отсто “ги брише” темните кругови околу очите.

Одите во кревет на време, употребувате квалитетни креми за областа околу очите, здрави сте, но сепак повторно имате темни кругови под очите! Ги прекривате со коректор, тоа секако помага, но сепак, одблиску се гледаат и подочниците, и коректорот. Ставате тркала од краставица, ладна лажичка, ладни кесички од чај од камилица… Помага, но малку, и само за кратко.

Затоа сега пробајте ја маската којашто засекогаш ќе го реши овој проблем. Се работи за нешто ново, за што досега не сме слушнале, а тоа е – магдоносот.

Истиснете една рака магдонос, ставете го во чинија, а потоа со дрвена лажица изгмечете додека да пушти сок. Потоа сипете лажица врела вода и промешајте. Наместо вода, може да ставите и лажица јогурт ако сакате погуста маска. Почекајте смесата да се излади, а потоа во неа натопете два тупфера, за секое око по еден. Легнете, ставете ги тупферите под очите и почекајте да минат минимум 10 минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag