Манекаенката Криси Тајген често зборува за тоа колку го поддржува доењето, а овој пат поддршката ја испрати со фотографија.
Триесетидвегодишната манекенка го роди своето второ дете, синот Мајлс Теодор, па сега често објавува фотографии на кои ги дои своите деца.
– Луна ме тера да ја дојам и нејзината кукла, па се чини дека сега имам близнаци – истакнала манекенката.
Сепак, имаше и такви на кои оваа фотографија им сметаше.
– Не значи дека ако е тоа нормално, дека цел свет сака да го види. Избриши ги сликите на кои доиш – напишала една жена.