Фризерите тврдат дека косата после миењето е најчувствителна, па кога во текот на ноќта ја “триеме” од перницата, лесно се мрси и врвовите пукаат.
Колку пати ви се случило да ја измиете косата навечер, а наутро кога ќе станете да имате впечаток дека веќе е мрсна? Не сте сами во тоа, па не очајувајте. Експертите советуваат дека е подобро косата да ја миете наутро или во текот на денот, а еве и зашто.
Фризерите Џејми Бакел и Кристин Нерот објаснуваат дека ако ја измите и исушите косата навечер, а потоа легнете да спиете, наутро ќе изгледа како да е малку мрсна.
– Тоа е затоа што кога свежо измиената коса во текот на ноќта ке ја “притиснете”, на перницата, буквално ќе ја залепите – велат експертите.
– Така залепена ќе го изгуби волуменот и секако ќе изгледа како да е мрсна.
Затоа тие советуваат дека доколку не можете да се откажете од миењето на косата во вечерните часови, тогаш барем коритете по благ шампон и регенератор. После тоа, нежно исчешлајте ја и ставете производ за волумен.