Наташа Беквалац им се врати на своите настапи пред малку повеќе од два месеци и од тогаш неколку пати неделно пее ширум регионот, а нејзините фанови со своето присуство на концертите покажаа колку им недостасуваше во текот на големата пауза која ја направи.
Беквалац настапи во една дискотека во Будва пред 2000 луѓе!
Расположена повеќе од било кога, Наташа пееше скоро три часа, а фановите ја наградија со подароци и цвеќиња.