Во овие тешки времиња, малкумина можат да се пофалат со добар имунитет. За таа цел денеска ви предлагаме една прекрасна, многу едноставна и достапна рецепта за витаминска смеса за зајакнување на имунитетот.
Се што ви е потребно е:
500гр суви кајсии
500гр ф’стаци
500гр ореви
500гр лимони
300гр мед
Сувите кајсии и ф’стаците измијте ги добро, ако се многу суви – накиснете ги во вода, додека омекнат.
Измијте ги лимоните и исечете ги на кришки, без да ја отстранувате кората. Од кришките лимон извадете ги семките.
Потоа сите состојки измелете ги. Лимоните – со кората!
Додадете го медот.
Откако ќе добиете глатка смеса, ставете ја во стерилна стаклена тегла и ставете ја во фрижидер. Замајте од витаминската смеса пред секое јадење и еден супена лажица 20 минути пред јадење.