ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 6 пилешки крилца
* 200г кечап
* 5-6 лажици сенф
* малку масло
* босилек
* оригано
* сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Направете ја маринадата од кечап, сенф, масло и зачини. Натопете ги крилцата во маринадата и оставете ги да отстојат неколку часа во фрижидер.
Наредете ги крилцата на тава премачкана со масло и печете ги на 150 до 200oC околу 15 минути. Потоа, свртете ги крилцата на другата страна и печете уште 20 минути.
Сервирајте ги топли!