Цел живот во погрешно време ставате дезедоранс: Ова е единствениот правилен начин!

18 јули, 20180
дез 0

Скоро сме сигурни дека не сте знаеле дека ова е потполно погрешно време за нанесување на дезедоранс.

Луѓето обично го започнуваат денот со одење во тоалет, миење, подготвување, облекување, а таму некаде помеѓу се „вметнува“ и ставањето дезодоранс.

Истражувањето покажа дека доколку нанесете дезодоранс пред да заспиете, тој во текот на ноќта подобро ќе се апсорбира и затоа во текот на наредниот ден ќе има посилен ефект.

Во состојба на мирување, кожата подобро го прифаќа дезодорансот отколку во утринските часови. Во текот на ноќта или генерално за време на лежењето, телесната температура се намалува и во оваа состојба речиси и да не се потиме, или значително помалку. Тогаш пазувите остануваат суви, а жлезите не се толку активни и со тоа најдобро се апсорбираат состојките на дезодорансот и со тоа го зголемуваат нивниот ефект. Дезодорансите ве заштитуваат од 12 до 24 часа, па ќе бидете сигурни и заштитени од непријатни миризби во текот на целиот ден.

Најголем процент од луѓето го користат дезодорансот веднаш по туширањето, а тоа е голема грешка. Влажната кожа многу тешко апсорбира било што, особено дезодоранси, така што поголемиот дел завршува на облеката.

Дополнителен совет е дека никогаш не треба да се облекувате  веднаш по ненесувањето на дезодорансот.

Кога го нанесувате, почекајте да се исуши на кожата, а потоа да почнете да се облекувате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi