Понекогаш не забележувате дека сте почнале само да се разминувате … И дека вашите патишта се се подалечни … Како може да се спречи ова?
Кога ќе пројде фазата “меден месец”, љубовта и возбудувањето ги заменуваат другите приоритети. И како резултат на тоа, ете ве во монотона рутина, деновите минуваат и вие не сте ни свесни, а понекогаш дури и не можете да се сетите што заеднички правевте вчера … и дали воопшто сте правеле нешто заедно вчера, или тоа кафе го испивте заедно некој ден порано, а потоа само сте се разминале, брзајки секој по својата работа.
И тогаш не забележувате дека сте почнале само да се разминувате … И дека вашите патишта се се подалечни … Како може да се спречи ова?
Психологот Белинда Вилијамс вели дека е наједноставен начин да се зачува блискоста и тие “искри” од почетокот на врската, секој ден да уживате во неколку “микро-моменти”, во неколку минути кои ќе ги посветите само еден на друг.
За да ваквите моменти бидат значајни за врската, не ви требаат никакви “романтични викенди”, ниту патувања. Сè што е потребно е да ја искористите секоја шанса да си покажете еден на друг дека се грижите. Дека се сакате. И дека таа личност ви е најважна на светот.
Доволно е да одвоите момент наутро да се поздравите, кога тргнувате на работа, да се прегрнете на секунда, или две. Да се држите за раце, пред да втонете во сон. Одвреме-навреме да изговотите “те сакам “, советува Вилијамс.
Јас кога подобро ќе размислувам … Тоа е сè што е потребно. Кога последен пат сте рекле “те сакам”? Ако не можете да се сетите … премногу време поминало од тогаш.