ОСТРОВОТ ОБОЊАН – Доживеј чист хедонизам на приватен остров резервиран само за возрасни!

popara27 јули, 20181min00
des5

Сместете се во луксузните големи шатори и уживајте во секојдневните настап на DJ, работилници, јога и капење.

Вгнезден во природни убавини со прекрасен поглед на Јадранот, Обоњан е идеално место за бегање од реалноста какво што секогаш сте посакувале. Приватниот остров, резервиран само за постари од 18 години, е како што не постои никаде на друго место во светот – тука можете да правите што и да посакате, или да не правите ништо и да се препуштите на мрзеливоста.

Секој ден на островот го креирате сами, можностите за избор се неограничени:

Зависниците од адреналин може да го поминат утрото на параглајдинг околу островот, зависниците од забави ќе тргнат со приватен брод кон Источното Пристаниште на забава на плажа, љубителите на поспоро темпо, ќе закажат масажа, ќе го истражуваат островот преку лесна прошетка или цел ден ќе го поминат покрај базен пиејќи коктели.

Љубителите на музиката во овој рај на земјата доаѓаат на свој терен – многу гостувања на светски DJ-и се одвиваат речиси секојдневно.

Се мислело и на спортските ентузијасти па два пати дневно на Шумската платформа можете да пробате различни стилови на јога: Yin, Hatha, Vinyasa, i Restorative. Обезбедени се и простирки и сите останати додатоци. Исто така, можете да вежбате crossfit со тренерите Сања и Пол. Достапни се и водните спортови како што се: кајакарство, веслање на даска, нуркање, wakeboarding, банана, jet ski, и donut ride, а може да се приклучите и на клубот за нуркање кој се состанува секој ден од 10ч до 11ч.

За целосно опуштање предлагаме да резервирате термин и да се опуштите со професионална масажа.

На островот преку цело лето се одржуваат различни работилници, кои се одлична можност да ја пробудите вашата љубопитност и да научите нешто ново. Дознајте информации за холистичка исхрана, истражувајте ги различните елементи на звукот и песната или пробајте нови начини на медитација. Работилниците се одржуваат секој вторник и петок од 15 до 17 часот.

На островот има дури 7 ресторани и барови.

Ако сте од оние на кои кампувањето не им го привлекуваат вниманието, бидејќи не сакате да останете без модерни погодности, ова е понуда за вас, бидејќи имате опција да отседнете и во луксузните шатори Bell Tent, кои ќе ви овозможат уникатно поврзување со природата, а сето тоа опремено во согласност со потребите на модерни гости.

Уф, не знаеме за вас, но по читањето на овој текст, веднаш би можеле да се транспортираме на Обоњан. Но, ако сте тврд орев и ви треба уште малку уверување, фрлете поглед на сликите и видеото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag