Славната пејачка се прости од синот

popara30 јули, 20181min00
т

Тина Тарнер го сподели моментот кога ја расеа пепелта на синот, кој трагично почина.

Најстариот син на Тина Тарнер, Крег Рејмонд Тарнер, извршил самоубиство на пошетокот на Јули во 60. година, а славната пеачка се огласи сега на службените мрежи каде ја сподели сликата од бродот и упатила тажна порака.

“Мојот најтажен момент во мајчинството. Во Четврток, 19. јули, му кажав последно збогум на синот, Крег Рејмонд Тарнер, кога се собравме со семејството и пријателите да ја истуриме неговата пепел на брегот на Калифорнија. Имаше 59 години кога така трагично почина, но за мене секогаш ќе биде мое бебе “, пишува пејачката.

Крег е пронајден мртов во својот стан во Студио Сити во Калифорнија, а обдукцијата покажала дека се самоубил.

Тарнер имаше само 18 години кога го роди Рејмонд,чиј татко е саксофонистот Рејмонд Хил. Кога пејачката во 1962 се омажила за Ajk Тарнер, тој го посвои Крег како свој син.

Тарнер во 2013. се одрекна од американското државјанство и од тогаш живее во Европа со сопругот Ервин Бах. Веста за смртта на синот ја затекна во Берлин, каде присуствувала на модната недела.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag