Еве зошто жените побрзо стареат!

popara30 јули, 20181min00
с

Многу мајки велат дека стареат поради родителските грижи. Науката докажа дека во тоа навистина постои некоја вистина.

Истражувањето покажало дека жените побрзо стареат – нивното стареење било забрзано две години секој пат кога ќе се породат. Ова значи дека, колку повеќе деца имаат, нивниот животен век е, теоретски, пократок.Една студија со повеќе од 3.200 жени на возраст од 20 до 22 години покажа дека пораѓајот има лош ефект врз клеточно ниво.Кај мајки со неколку деца, возраста на клетките е поголема за половина година до две години секој пат кога се породени, откриле истражувачите од Универзитетот Нортвест во Илиноис.Во оваа студија, тие истражувале два маркера на клеточното стареење – должината на теломерите и епигенетичката старост – и двете биле “независен индикатор на смртността”.

Водечкиот автор на истражувањето Кален Рајан вели дека “и маркерите се постари кај жените кои претрпеле повеќекратна бременост”.

“Дури и кога ги разгледуваме другите фактори на клеточното стареење, бројот на бремености е сé уште на врвот”, додава тој.

Тим на истражувачи соопштија дека клеточните промени во бременоста се поврзани со промени и приспособувања на мајчиниот имунолошки систем.Сега, студии се во тек кај жени чија клеточна возраст била измерена во 2005 година, за да се види дали клетките остануваат стари и подоцна во животот.Без оглед на стареењето на клетките или не, секоја мајка веројатно ќе ви каже дека сè е вредно откако ќе го здогледаат своето бебе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag