Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се преселија во Италија по неговиот трансфер во Јувентус. Славниот пар со четирите деца веќе се привикнува на новиот живот во Торино.
33-годишниот фудбалер вчера го привлече вниманието на десетици фанови додека со 24-годишниот модел беше на шопинг во Милано.
Пред да го започне новото поглавје во кариерата во Јувентус, Роналдо се одмараше со семејството на Ибица.