Сонцето може да ја оштети косата, па затоа во лето и е потребна посебна нега. Природните производи кои сами можете да ги направите најдобро ќе помогнат за обновување на вашата коса.
Домашен шампон за појака коса
Потребни ви се:
- 1 литар обичен шампон од коприва
- 1 АД капки (воден раствор)
- 1 пантенол
- Неколку ампули витамин Б
- 2 до 3 лажици рицинусово масло
Подготовката е едноставна: измешајте сè, изматете и шампонот е подготвен за употреба.
Маска од жолчка и мед
Потребни ви се:
- 1 жолчка од јајце
- 1 лажица мед
Измешајте ги жолчката и медот, па смесата намачкајте ја по целата должина на косата. Потоа замотајте ја косата со крпа и држете ја така околу 20 минути. Добро исплакнете ја косата со млака вода.
Маска од банани
- Потребни ви се:
- 1 банана
- 2 лажици алое вера гел
- 1 лажица лимонов сок
- 1 лажица маслиново масло
Бананата испасирајте ја и измешајте со алое вера гелот, сокот од лимон и маслиновото масло. Кога ќе добиете мазна смеса, нанесете ја на косата и држете ја половина час. Потоа добро исплакнете ја и оставете да се исуши природно, без фенирање.