Од бикини до накит: од плажа директно на жешка забава!

popara13 август, 20185min00
d573c64c1c98eca9254f06fd87cda1ecfa3d583b_shadowbox - Copy

Ви донесуваме модна мешавина од популарни брендови за летниот изглед што можете да ги “износите”  на плажа, но исто така и за вечерни излези.

Едвај можете да го дочекате одењето на плажа, шарени коктели и релаксирачки вечери покрај морето? Помислата на сол во вашата коса, Сонцето на вашата кожа и песокот под босите нозе веднаш не транспортира не некоја хит морска дестинација , а за да доживувањето биде потполно потребна ни е и совршена облека.

Пред нас, сезоната е создадена за да уживате во живописни бои, разиграни отпечатоци и модни додатоци. Одењето на плажа долго веќе не значи дека само пешкир е потребен на рамото. Настрана од костимите за капење, не одете на плажа без големи, меки крпи, пространи ташни и заштитни креми. Не заборавајте на очилата за сонце и капа, која е во прилог на заштита од сонцето и ќе служи како моден додаток, како и апостолките или сандалите во кои полека ќе чекорите низ летото. Ако додадете на облеката за на плажа убава туника, марама која оваа сезона се враќа во мода или лесна блуза, мала чанта и интересно парче накит – во еден момент ќе добиете изглед кој е идеален за една вечерна прошетка. Зачинете го изгледот со пристоен накит, трендовски платформи и подготвени сте за добра забава.

Погледнете во нашата галерија и барајте инспирација меѓу популарните брендирани производи Tommy Hilfiger, Replay, Guess, Yamamay, Fashion & Friends, BMW, Springfield, Liu Jo, De Rigo, Versace Jeans, Heraldi for Women, Palmers, Reebok,  Carpisa te Zaks i Argentum.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma