Можете лесно да добиете хит фризура на летото. Подгответе само кокосово масло …
Wet look или влажни изглед на косата гледаме најчесто на модните писти, колумни и црвениот тепих, а се почесто и на улиците на градот, особено за вечерните излези.
Фризурата која е идеална за лето е лесна за стилизирање и одржување, но секогаш изгледа одлично. Во само три чекори, можете да ја пробате веќе сега, и се што ви треба е малку кокосово масло, стилски производ и вешти прсти.
Прочитајте подолу како да засјае вашата коса во само три чекори.
- За почеток, косата мора да биде свежо измиена и да нанесете на неа многу кокосово масло. Само осигурајте се дека маслото не е премногу студено, туку на собна температура.
- Потоа расчешлајте ја косата со прстите за да бидете сигурни дека секое влакно е намачкано.
- Конечно, разбушавете ја косата и нанесете го производот за стилизирање на косата што вообичаено го користите.