Постојат неколку трикови кои можете да ги примените за да добиете бујно деколте, иако немате големи гради.
Ние ќе ви откриеме “само” 4:
1.Двоен градник
Облечете обичен градник, а преку него уште еден push-up. Ако ве стега, стискнете ги забите бидејќи ефектот ќе биде неверојатен.
- Земете силиконски влошки
Пронајдете ги инсертите кои се ставаат во градникот. Ќе изгледа како да имате барем еден поголем број на гради.
- Спојување на прерамките
Со шпенадлата фатете ги двете прерамки на горниот дел од грбот.
- Засенчување на деколтето
Осенчете го деколтето со пудра и коректори. Поставете ја најтемната нијанса на долниот дел, каде сенката природно би паѓала.