Разголената ќерка и незадоволниот тато.
Актерот Алек Болдвин (60) веројатно не е некој со кој што сакате да се закачате, но се чини дека неговата ќерка, Ајрленд Болдвин (22), не е некој кој ќе слуша што ќе и се каже.
Ајрленд е ќерка на познатиот холивудски актер и Ким Бесинџер, а нејзиното провокативно однесување веќе долго време го “вознемирува” нејзиниот татко.
Овој пат, младата манекенка објави разголена слика на Instagram каде што може да се види како седи на мотор во каубојски чизми и бикини кој е едвај видлив, но нејзината позадина е затоа многу видлива.
“Остани екстра”, порача убавицата во описот на сликата.
Актерот не беше воодушевен од оваа сцена како нејзините многубројни следбеници, па реши да ги укори сите.
“Не. Едноставно … не”, напиша тој во коментарите на сликата и очигледно не ја смета оваа фотографија “екстра”.
Неговата ќерка очигледно не се вознемири бидејќи ја остави фотографијата на нејзиниот профил, но затоа се насмеаа сите што ја видоа.
Алек има четири деца со фитнес инструкторката Хиларија – ќерка Кармен (4) и синовите Рафаел (2), Лео (1) и Ромео (три месеци).