Скапоцениот камен на Јужните Мориња.
Несомнено најпрославениот остров на Јужниот Пацифик, Бора Бора е водечката дама на Француска Полинезија. Неговата слава и конкуренција се ненадминливи. Бора Бора е едно од малкуте места на земјата за кое секој се надева дека ќе посведочи еднаш во животот—и штом еднаш го видиш, засекогаш си негов.
Повеќе од само романтично совршенство, Бора Бора е романтична реалност. Не доаѓа како изненадување дека островот е интернационално признаена дестинација за меден месец. Нововенчаните двојки кои ќе се одлучат на Бора Бора меден месец често се чувствуваат како да избегале на приватна оаза скроена целосно за нивниот момент на брачна благосостојба.
Каде Бора Бора всушност се наоѓа? Островот лежи северозападно од Тахити, помалку од едночасовен лет од Папет. Аеродромот се наоша на мал, одделен дел од островот познат како Моту Мете. При пристигнување, ќе бидете поздравени со топла насмевка и мирислив цвет леи и префрлени со брод до вашата Бора Бора дестинација, што значи дека не треба многу да чекате да се соедините со прозирната тиркизна лагуна на островот.
Бора Бора е синоним на надводни бунгалови. Многу од овие прекрасни надводни вили имаат стаклен под што овозможува поглед кон лагуната на животот под вас. Повеќето Бора Бора ресорти се изградени на сопствен мал остров, или motu, и посетите наоколу треба да се организираат со брод. Ова не треба да ве загрижува, бидејќи воопшто не треба да го напуштите резортот и бунгаловот за да уживате во одморот. Излежување на својата приватна тераса, од примање на собна послуга со кану, до уживање во подмладувачки спа третман, ќе го поминете времето во приватна атмосфера и луксуз.
Прекрасната работа за Бора Бора е дека можете да бидете активни или неактивни колку ќе посакате. Доколку се одлучите да одлутате од резортот, можете да го посетите главното село на Vaitape и да купувате во локалните бутици или да вечерате во еден од рестораните на Бора Бора вклучувајќи го и Маи Каи Бора Бора, или легендарниот Блади Мери. Исто така можете да ја истражите и планината Pahia и планината Otemanu на кискачување со водич или Џип Сафари тура.
Кога еднаш ќе го видите, никогаш нема да го заборавите Бора Бора. Од денот на пристигнување до моментот на заминување, ќе бидете во неверување како неговите планини ѕиркаат, тиркизните лагуни и луксузните надводни бунгалови некако изгледаат уште поспектакуларни од изгледот на фотографиите.