
Индикациите дека овие машки панталони, со широки ногавици, кои наликуваат на работни одела, но во префинета верзија, ќе станат најголем тренд можеме да видиме веќе на модните писти оваа сезона, и на улиците на светските метрополи.

Нешто слично беше презентирано од страна Клои и Келвин Клајн, како и француската дизајнерка Исабел Марант, и нејзината австралиска колешка Кристин Центенера, која неодамна навлезе во дизајнерските води со својот бренд Wardrobe NYC, во својот втор спортски дизајн ја претстави верзијата на овие панталони.
Со оглед на фактот дека овие панталони се многу широки и со ниска половина пожелно е да се носат со нив женски детали. Па така се носат со чевли со високи потпетици и рамни сандали, тесни маици во стилот на 90-тите години или бела кошула со раскопчани неколку копчиња кои рефлектираат сексипил.
Во прилог на накит и кожни додатоци со овие широки панталони – кои дизајнерите како што се Тиби, Викторија Бекам, Реџина Пио, но и дивата и гигант Зара, за претстојната сезона ги презентирааа во неутрални тонови или темно зелена боја – ќе станат атрактивен дел од изгледот кој може да се носи на работа, но исто така и за вечерно излегување.
