Актерката изгледа сосема непрепознатливо.
Актерката Никол Кидман навикнавме да ја гледаме беспрекорна на црвениот килим – секогаш облечена по најнова мода, нашминкана и со коса “под конец”.
Сепак, папараците ја фатиле во сосема друго издание, но за среќа, само поради тоа што ја пресретнале за време на снимањето на новиот филм во кој ја игра – “Destroyer”.
Кидман изгледаше слабо и истоштено во лицето, со пропаднати очи, а кафеавата коса и била кратка и несредена.
Во претстојниот филм Никол ја игра детективката Ерин Бел од Лос Анџелес, која беше истрауматизирана откако беше инфилтрирана во една банда.
Сега е јасно зошто изгледала така!
Директорката Карин Кусама изјави за “Vanity Fair” дека сакала да се види траумата во изгледот на детективката, дури и 20 години по сето тоа што се случило.
“Знаевме дека сакавме да изгледа како средовечна жена, како и секоја друга, со минатото кое можеме да го видиме на нејзиното лице. Да има дамки од сонце и недостаток на сон и стрес и гнев во целото телото”, рече Kусама.
Ова не е прв пат Никол Кидман да има драстична трансформација за потребите на филмот, а за улогата на намачената писателка Вирџинија Вулф во филмот “The hours” заслужено го освои и Оскарот.
Погледнете како таа изгледаше за филмот “Destroyer”, и во претходните во кои не личела на себе…