Пиењето на вода додека јадете ќе го подигне нивото на шеќер во крвта повеќе отколку што се смета за здраво!
Истражувачите го анализираа нивото на шеќер во крвта на луѓето кои јаделе крофни со прелив, при што половина од нив со нив пиеле вода, а другата половина не.
Научниците од Јужна Америка откриле дека оние кои го “испираат” вкусот на благото со пиење на вода, имаат повисоко ниво на шеќер во крвта. Згора на тоа, нивото на шеќер во крвта беше повисоко кај нив отколку кај оние кои едно по друго изедоа две крофни, но не пиеја вода.
Нормално е да се подигне нивото на шеќер во крвта по јадењето, но ако се зголеми премногу, тоа може да доведе до дебелеење или тип 2 дијабетес.
Експертите велат дека водата му помага на телото да ја апсорбира глукозата и предлагаат вода да се пие пред или по јадење за да се намали ефектот на шеќерот.
Иако оваа студија на Универзитетот Антон де Ком е правена само на волотерите кои јадеа крофни , се смета дека резултатите се исти и кога станува збор за другите намирници.
Високото ниво на шеќер во крвта може да претставува проблем бидејќи телото во текот на времето станува нетолерантно и ја губи способноста да го регулира нивото на шеќерот во крвта, што води до дијабетес. Преголема глукоза може да доведе и до тоа телото да произведува повеќе инсулин, што му порачува на телото да складира шеќер како масти.
Поради сето тоа, се препорачува да не пиете вода со оброкот, туку половина час пред јадење – така шеќерот најмалку се зголемува.
Исто така, не е препорачено ниту вода да се пие веднаш по јадењето, туку треба да се чека најмалку половина час.