Познатиот фудбалер во вторник ќе мора да се појави на суд поради прекршок што упорно го негира.
Дејвид Бекам доби казна за пречекорување на брзината, бидејќи го возеше својот “Бентли” во западен Лондон во јануари оваа година со брзина од 30 километри на час повисока од дозволената.
Бекам го снимила камерата додека се наоѓал на патот каде што ограничувањето било 65, а тој возел 95 км на час!
Сепак, Бекам му рекол на судијата за прекршоци дека не е виновен и дека сака судски процес, наместо да ја плати казната, иако имало клип што јасно покажува дека бил зад воланот на неговиот “bentley bentaga”.
“Дејли мејл” објави дека играчот ќе биде изнесен пред судот во вторник, 28 август.