Ако сте гладни откако ќе појадувате, знајте дека виновник за тоа е нивото на шеќер во крвта.
Но, за среќа, постои решение.
Дали некогаш сте се запрашале како сте гладни по појадокот, отколку кога воопшто немате појадувано? Причината за ова е нивото на шеќер во крвта.
Кога јадеме јагленохидрати – чиј внес се препорачува за појадок – телото ги претвора во глукоза која оди во нашиот крвоток. Нивото на гликоза потоа расте , а што побрзо расте, побрзо и се намалува – предизвикувајќи глад, летаргија и потреба од слатки.
Разликата помеѓу здравите цели зрна и рафинираниот шеќер и белите јагленохидрати е токму во текот на траењето на овој процес на конверзија на гликоза.
Колку повеќе хранливи влакна јадете, толку подолго ќе треба да се дигестираат и ќе бидете подолго сити.
Нутриционистот Ијан Марбер се согласува дека за гладта по појадокот е виновно нивото на гликозата во крвта.
“Високиот внес на јаглехидрати за појадок, а малиот внес на хранливи влакна и протеини, што ќе го забават процесот на варење, може да резултира со тоа што кратко ќе имате енергија, а потоа веднаш сте гладни, веќе за некој час”.
Тој нагласува дека на телото му е потребно подолго да се сварат протеините, хранливите влакна и мастите, па конзумирањето на овие состојки со јагленохидратите за појадок помага подолго да бидете сити.
На пример, овесни снегулки со овошје и ореви ќе ве држат подолго сити отколку ако јадете само снегулки.
“Или, јајце со авокадо и парче тост леб. Секој протеин кој се внесува со јагленохидрати богат со хранливи материи ќе има ист ефект”.
За да се справи со гликозата, телото почнува да произведува инсулин.
“Кога ќе јадете еден оброк кој е богат со рафинирани јаглехидрати, панкреасот, треба да се справи со брзиот пораст на гликоза во крвта, и ќе почне да произведува инсулин што е можно поскоро”, објаснува нутриционист Rijanon Lamber.
“Сепак, ова често резултира со отстранување на премногу шеќер од крвта, а потоа паѓање на шеќерот во крвта и затоа посегнувате по бисквити, за да внесете повеќе шеќер”.
Таа вели дека поради ова, на пример, парче леб премачкано со џем што ќе го изедете за појадок, не може да ве држи сити долго време.
Едно од решенијата исто така може да биде да го поместите доручекот малку односно да не јадете штом ќе станете.
Телото произведува во утринските часови многу стрес хормони , кортизол, со цел да не “извлече” од креветот и да не покрене. Ако јадете појадок додека нивото на кортизол е многу високо, нивото на инсулин ќе биде уште поголемо.
Бидејќи инсулинот го контролира нивото на шеќер во крвта и вашата глад, можно е дека ќе бидете гладни кратко време по појадокот. Подоцна во текот на денот, нивото на кортизол и инсулин се намалува.
Ако одложувањето на појадокот не е опција за вас, тогаш дефинитивно би требало да јадете сложени, а не прости јаглехидрати, и во комбинација со протеини и хранливи материи.