Бринетите ќе ја обожаваат оваа нијанса.
Иако во лето некако најмногу ни се допаѓаат светлите тонови во косата, новата сезона носи нови бои. Токму оваа класична есенска нијанса стана главен Instagram тренд за есен, а станува збор за – топлата бакарна коса! Сигурно знаете дека бронзената / бакарна боја всушност е “must have“ кога станува збор за накит, но сега стана една од најпопуларните бои за коса, особено на Instagram.
Топлата бакарна боја, всушност, значи мешавина на бакарни и златни тонови, а покрај тоа што е многу привлечна, му прилега на секого. Уште еден голем тренд кој е најавен за есен е – Фалајаж. Фалајаж, исто како што сугерира неговото име, ги инкорпорира есенските тонови кои ќе ја згреат секоја боја на косата, а тоа воглавно се златно-кафеави, бакарни и црвеникаво-кафеави тонови.
Бринетите ќе ја обожаваат бакарната нијанса за есен, бидејќи тоа е речиси и наједноставен начин за освежување на бојата.