Овој човек ја разбесни цела планета!
На премиерата на филмот “Suspiria” во Венеција се случи скандал!
Италијанскиот режисер Лучано Гарњани дошол на црвениот тепих и на фотографите им ја покажал маицата под кошулата на која пишувало “Вајнстин е невин”, со фотографија на обвинетиот за силување на десет жени.
Откако го “покажа своето”, тој замина од црвениот тепих, на кој останаа да позираат малку збунетите ѕвезди на филмот, Дакота Џонсон, Тилда Свинтон, и други актери и актерки.
Харви Вајнстин е обвинет за силување и злоставување, а во јули дополнително за трафикинг, бидејќи една од неговите жртви ја натерал да ја премине државната граница за да му биде на располагање.
Гарњани (42) е “релативно непознат режисер”, пренесуваат американските медиуми, а во Италија е познат како припадник на републиканците и следбеник на Силвио Берлускони, за кој што и го снимаше последниот филм – “позитивниот агол” на бунга-бунга забавите на Берлускони .