Boy de Chanel колекцијата содржи три производи, а во продажба ќе се појават во ноември.
Иако има повеќе од сто години и е еден од најпродаваните модни брендови, Шанел никогаш не покажа интерес за машката мода.
Сепак, се чини дека во славната модна куќа размислуваат за својот досегашен став спрема посилниот пол, а токму претставената колекција на шминки за мажи Boy de Chanel е можеби првиот чекор во друга насока.
“Како што Габриела Шанел позајмила многу елементи на машка мода за да ги облече жените, денес Шанел се инспирира со женски сегменти за да ги инспирира новите страници на машката естетика”, стои во официјалното соопштение.
Наречена Boy de Chanel, како посвета на Boy Capel, љубовник и деловен партнер на Коко Шанел, колекцијата засега содржи само три артикли – тонирана подлога, молив за веѓи и хидратантен балзам за усни.
Колекцијата ја имаше премиерата на 1. септември во Јужна Кореја, додека во останатиот дел од светот ќе се продава во ноември.