Познатиот глумец ја покажа хуманитарната страна и помогна на луѓето во неволја
Поминаа 17 години од терориститчкиот напад во Њујорк, во кој се срушени кулите близначки, каде што 3000 луѓе го изгубија животот. Тој 11ти септември 2001 година, кога се случи овој немил настан, актерот Стив Бушеми решил да не седи со скрстени раце и да помогне на народот во неволја.
Имено, тој одлучи да ја напушти својата успешна актерска кариера, барем за кратко време, и да се врати на својата стара работа, работата на пожарникар. Со другите колеги од пожарникарната служба, Стив ги барал и извлекол луѓе кои завршиле во урнатини по нападот.
Steve Buscemi returned to being a Fireman after 9/11 working 12 hour shifts. He refused interviews or pictures. Legend! pic.twitter.com/QP83bofa
— The Lake Poets (@TheLakePoets) September 28, 2011
Бушеми заедно со својот брат секојдневно работел по 12 часа како пожарникар, не барал никаков публицитет, одбивал да се слика и да дава интервјуа.
Во 2003 година, тој одржа говор на состанокот на синдикатите каде што се заложи за зголемување на платите на пожарникарите, како да престанат да се затвораат пожарникарските служби. Поради ова, тој беше уапсен со други пожарникари.
Стив и неговиот брат помогнаа во 2012 година во расчистувањето на нередот кој го направи ураганот Сенди.