Во лето е едноставно да изгледате свежо и одморено, но во есен сепак треба да посегнеме по розевите нијанси на руменила, кармини и сјаеви.
БАКНЕЖ НА ЖЕНСТВЕНОСТА
Новите генерации на руменилата и сјаевите со боја на циклама и фуксија со интензивни и постојани пигменти, го привлекуваат вниманието кон усните.
ВИСОК СЈАЈ
Наместо класичниот smokeyeyes во кафеави и црни нијанси, гламурозен ефект се постигнува со сенки во розова боја. За дневните пригоди пожелни се пастелни бои, а за вечерните излегувања – неонски розеви збогатени со светки.
УБАВИ ОБРАЗИ
Образите се руменат во сите нијанси на розева, а руменилата се збогатени со рефлектирачки бисерни честички кои му даваат на лицето свежина и сјај.