Британската актерка Попи Делевињ инспирацијата за косата ја пронајде во колекцијата за летото 2019 година на модната дизајнерка Емилија Викстед.
Џесика Биел, Танди Њутн, Дакота Фенинг … модните критичари се уште се обидуваат да се договорат чија тоалета од доделувањето на наградите Еми беше абсолутен хит, а која славната убавица разочара во изборот на облека.
Во секој случај, сите се согласуваат – младата британска актерка Poppy Delevingne во минт фустанот од куќата Giambattista Valli изгледаше сензационално, а нејзината фризура сигурно вреди да се копира.
Следејќи ја романтичната и ултраженствена приказна на долгите фустани со карнери на агрбот, идејата за фризурата Poppy ја позајми од последната колекција на дизајнерката Емилија Викстед, и на црвениот тепих излезе со две машни на високата опашка. Оваа фризура Викстед вчера ја презентираше на модната ревија на Лондонската модна недела, а Попи беше првата славна девојка, која имаше можност да ги носи своите машни во јавноста.
Рецептот за оваа гламурозна фризура е едноставен: фино исфенирана коса со богати бранови се расчленува со четката, потоа се измазнува во опашка високо на тилот. Една црна машна се поврзува на темето, а другата е на дното на опашот, создавајќи вистинско фризерско ремек дело.
Вака направената коса изгледа елегантно и шик, а не ви е потребна ниту гламурозна тоалета за да ја носите.
Фризурата со две машни одлично ќе изгледа со фармерки и ќе ви се допадне со пуф ракави, ретро кошули со карнери и лелеави макси фустани и фустаните во А-крој во стилот на шеесеттите.