Кој вели дека за цифра од 100 евра не можете да си дозволите и брендиран потпис и квалитет.
Модата не мора да биде скапа, што е докажано со голем број брендови кои ги следат сите трендови и тоа по многу поволни цени.
“Must” марките кои вршат глобален ефект на потрошувачите ширум светот повеќе и повеќе одат во чекор со оние реномирани брендови кои диктираат што е IN и што е OUT во сезоната што следи.
Барем по изглед, ако не и по квалитет, иако денес веќе не е тоа време кога квалитетот беше неопходен во шопингот, важно е парчето само да изгледа добро.
Мешавината во која 70% од материјалот е полиестер денес е секојдневие и повеќе никој не обрнува внимание на тоа, а и зошто кога Шанел иззлегува со парчиња од PVC, нели?
Но имајќи ги предвид оние кои никогаш не сакаат да се откажат од квалитетот и можеби ќе бидат подготвени да издвојат нешто повеќе пари за него, одлучивме да најдеме топ 5 парчиња за есен, чија цена не преминува 100 евра.
Здолниште FEDERICA TOSI
Дуксер DKNY
Чизми DOLCE VITA
Ташна DVF Diane Von Furstenberg
Очила EYEPETIZER